ПРОМОТИВЕН СТАНБЕН КРЕДИТ НА КАПИТАЛ БАНКА: Фиксна каматна стапка од 2,5 проценти за првите 10 години и рок на отплата до 30 години
Одлична вест стигнува од Капитал Банка за сите оние кои сакаат да го решат своето станбено прашање, и тоа да го сторат под најповолни можни услови.
Имено, од почетокот на овој месец Капитал Банка стартува со одобрување на станбени кредити со најниска каматна стапка во моментов на банкарскиот пазар во земјава, што е добра информација за сите оние кои сакаат да дојдат до сопствен дом, а притоа да користат кредитирање со најниски можни трошоци.
Она што го прави промотивниот станбен кредит на Капитал Банка исклучително поволен, е тоа што банката одобрува фиксна каматна стапка од само 2,5 проценти и тоа за период од првите 10 години на отплатата, додека, пак, во преостанатиот период каматната стапка е променлива и изнесува 5,5 проценти.
Рокот на отплата на овој станбен кредит на Капитал банка е до 30 години.
Она што е битна информација за потенцијалните корисници е дека тие ќе треба да обезбедат минимум 15 проценти учество за да аплицираат за станбениот кредит.
Исто така, исплатата на кредитот би требала да заврши до 73 годишна возраст на клиентите.
Со оваа поволна понуда за станбени кредити на Капитал банка, новиот дом за сите потенцијални корисници може да стане реалност, и тие да ја почнат новата фаза од нивниот поквалитетн живот.
Повеќе информации за овие станбени кредити можете да најдете на: https://shorturl.at/ijoxE, или во најблиската експозитура на банката, како и на телефонскиот број 02/ 3102-528.
ПР објава
