Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промоција на сликовницата „Танцот на шарените шамичиња“ од Александар Прокопиев

Промоција на сликовницата „Танцот на шарените шамичиња“ од Александар Прокопиев

Новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев ќе биде промовирана на 16 јануари (понеделник), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Илустрациите се на Сања Симоска, а уредничка на книгата е Оливера Ќорвезироска.

Сликовницата, која е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“, е дел од новата едиција „Љубов на прв збор“.

Приказната во „Танцот на шарените шамичиња“ почнува кога едно свилено шамиче ќе ѝ се налути на мајка си и тргнува низ светот да бара дете на кое му тече носот...
Низ лирска, алегорична приказна за шамичето кое доживува брза и ненадејна слава, а сепак мечтае да си остане тоа што е, авторот ги соочува децата со фантазиите и сништата за иднината, поддржувајќи ги да мечтаат, но и подучувајќи ги никогаш да не се откажуваат од себе, од своите блиски и од тоа што во суштината се.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

* ПР - објава

Слично

Поврзани вести