Промоција на проектот ИноПлатформа-платформа и алатки за зголемување на иновативниот капацитет на МСП во Балканската и Медитеранската област
Денеска во Охрид сепромовирашеИноПлатформа, европски проект под лидерство на Центарот за Управување со знаење од Македонија. ИноПлатформа е двегодишен проект, финансиран од Интерег Програмата на Европската Унија за Балканско-Медистеранската област, спроведуван од 6 организации и институции од 5 земји на БМ област: Македонија, Кипар, Грција, Бугарија и Албанија.
ИноПлатформа ќе работи во делот на зголемување на постоечкото знаење за иновации во бизнис моделите кое би се преточило во развој на алатки (InnoTools) и сервиси (InnoScoreardи InnoRegion), и воспоставување на инфраструктура на Центри за извонредност во иновации, чија заедничка цел е подобрување на можностите, капацитетите и знаењето на МСП-ја во воведувањето на иновациии зголемување на конкурентноста.
“Целта на овој проект, кој официјално стартува денес, е да ја зголеми конкурентноста на малите и средни претпријатија од регионот преку подобрување на иновативниот еко систем. Новината во оваа иницијативата или state of the art е тројна:
· Согледување на трендовите во иновациите на бизнис моделите кои се случуваат во регионот со посебен фокус на оние модели кои ја поттикнуваат интернационализацијата.
· Развој на серија на практични иновативни алатки и сервиси чија цел е да бидат едноставни водилки за поддршка на иновативниот процес кај МСП-ја во регионот;
· Воспоставување на инфраструктура на Центри на извонредност во иновациите, лоцирани во сите пет земји од Балканско—медитеранската област за подобрување на пристапот на МСП-ја до знаење и експертиза во делот на иновациите.

Носител на проектот InnoPlatformе Центарот за Управување со знаење.
Повеќе информации на: http://www.knowledge-center.org
Проектот е финансиран преку првиот повик на програмата на Европската Унија InterregBalkanMed Programme 2014-2020.
