Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка

Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка

По три години на позицијата Член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, одговорна за управување со ризици г-ѓа Александра Радиќ ќе ја продолжи кариерата во рамките на Групацијата Ерсте и Шпаркасе, а за нејзин наследник по 01 мај номиниран е Дамир Иваштиновиќ, кој ќе биде одговорен за управувањето со ризици, ИТ и организација, процесирање, спречување перење пари и правната служба. , соопштуваат од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за Фактор.

Г-нот Иваштиновиќ во изминатите девет години извршувал повеќе менаџерски должности во рамките на групацијата Штаермеркише Шпаркасе, како во седиштето на Групацијата во Грац, така и во други делови од регионот. Од март 2012 година, г-динот Иваштиновиќ е на позицијата Директор на Секторот Управување со ризици во Шпаркасе Банка Македонија, ангажман во кој значително придонесе за зајакнување на квалитетот на ризици, како и на целокупната позиција на Банката.

„Јас сум убеден дека г-дин Иваштиновиќ водејќи ги функциите ризици и операции ќе обезбеди стабилност и континуитет во успешниот развој на Шпаркасе Банка Македонија. Тој внесува експертско знаење, познавање на пазарот и високо конструктивен став – комбинација која што ги содржи клучните состојки за ефективна поддршка на континуираното напредување на Банката. Му посакувам многу успех, во очекување на успешна соработка и во иднина”, изјави Сава Далбоков, Претседател на Надзорниот одбор на Шпаркасе Банка Македонија и Член на Управниот одбор одговорен за меѓународни операции во Штаермеркише Шпаркасе АГ Грац, матичната банка на Шпаркасе Банка Македонија.

sparkase banka

Почнувајќи од 01.05.2015 година, г-ѓа Радиќ ќе ја преземе позицијата Член на Управниот одбор одговорен за управување со ризици и финансии во Ерсте Банка Црна Гора – една од најуспешните членки на Групацијата во регионот, се вели во соопштението.

„Јас сум искрено благодарен на г-ѓа Радиќ за клучниот придонес кој што го даде вопроцесот на трансформација и репозиционирање на Шпаркасе Банка Македонија како една од водечките финансиски институции во земјата. Во претходните три години, таа го водеше воспоставувањето на функцијата високо-професионално управување со ризици, следејќи ги најдобрите меѓународни и групациски практики и одигра централна улога во креирањето на интерна култура и фокусирање на проактивност и перфекција. Со својата детална експертиза и посветеност на работата, г-ѓа Радиќ е ефикасен Член на Управниот одбор одговорен за ризици во Шпаркасе Банка Македонија, но и значаен чинител во управувањето со ризици во финансискиот сектор во Република Македонија. На крајот, но не и помалку важно, јас особено ја ценам нејзината мобилност и посветеност кон нашите операции во регионот – таа е еден од ретките примери на врвни менаџери во нашата Групација кои комбинираат темелна експертиза и детално познавање на регионот во целина. Јас сум сигурен дека успехот кој го оствари во Шпаркасе Банка Македонија ќе го постигне и на новата позиција“, изјави Сава Далбоков.

Слично

Поврзани вести