ПРОМЕНА ВО СООБРАЌАЈОТ: Нема веќе автомобили пред Рекорд
Улицата Димитрија Чуповски во строгиот центар на Скопје, попозната како Рекорд, ќе стане шеталиште, а по коловозот ќе може да се движат само автобусите од јавниот превоз.
Ова е предвидено во последните измени на детаљниот урбанистички план за „Мал ринг“, според кои, автомобилите нема да може да возат од трговскиот центар „Палома бјанка“ до раскрсницата пред Собранието на Република Македонија.
Општина Центар овие измени во планот ги вметнала на барање на Град Скопје.
Идејата улицата Димитрија Чуповски да биде пешачка зона е стара десет години, а ќе се реализира откако Град Скопје ќе ја прошири улицата Даме Груев во булевар.
Слично

