Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промена на работното време на ЈП Водовод и канализација

Промена на работното време на ЈП Водовод и канализација

ЈП Водовод и канализација – Скопје, согласно новонастаната ситуација со корона вирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот, ја известува јавноста за следните промениво работниот процес:

Во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје шалтерите за наплата на сметки ќе работат со ново работно време и тоа само од понеделник до петок од 8 до 15 часот.

Теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

Во овој момент, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на КОВИД -19, Ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас.

Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mkи информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието.

Електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје за физички, а отсега  и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk.

За полесен и побрз пристап до услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, симнете ја мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS. Бидете инфромирани за тековните дефекти, новости и дневни известувања и пристапете до електронските сервиси.

Искористете го вашето време разумно и скенирајте ги QR кодовите достапни на флаерот доставен со сметките за месец март, 2020 година, кои директно Ве водат до мобилната апликација на ЈП Водовод и канализација – Скопје и до електронските сервиси на e.vodovod-skopje.com.mk.

Бидете во чекор со времето, пополнете го формуларот достапен на флаерот за електронска достава на вашата фактура.

За секојадополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

-  02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;

-  02 3240 300, Дирекција

-  kontakt@vodovod-skopje.com.mk

-  www.vodovod-skopje.com.mk

-  www.facebook.com/jpvodovod.skopje


Слично

Поврзани вести