Економија, финансии, бизнис

Контакт

Промена на назив на фондови и промена на Депозитарна банка

Промена на назив на фондови и промена на Депозитарна банка

Генерали Инвестментс АД Скопје информира дека Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 114 тата седница, поради спроведена постапка на присоединување на Друштвото за управување со инвестициски фондови Илирика Фунд Менаџмент АД Скопје кон Генерали Инвестментс АД Скопје, даде согласност на измените на Статутите, согласно кои се променија називите на три отворени инвестициски фондови и тоа на: ИЛИРИКА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА (нов назив ГЕНЕРАЛИ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА), ИЛИРИКА КЕШ ФОНД (нов назив ГЕНЕРАЛИ КЕШ ФОНД) и ИЛИРИКА ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ (нов назив ГЕНЕРАЛИ ГЛОБАЛ-РАСТЕЧКИ ПАЗАРИ).

Повеќе информации на следниот линк.

Дополнително, известуваат дека следи и процес на промена на Депозитарна банка, за што соработниците дополнително ќе бидат известени и соодветно информирани.

(ПР објава)

Слично

Поврзани вести