Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПроКредит Банките од Македонија и Србија организираа средба на локалните бизниси од двете земји

ПроКредит Банките од Македонија и Србија организираа средба на локалните бизниси од двете земји
Третата регионална средба помеѓу бизниси од Македонија и Србија се одржа минатата недела во Ниш. Настанот беше организиран од ПроКредит банките од Македонија и Србија за поддршка на локалните бизниси. На овој настан присуствуваа околу 60 мали и средни претпријатија од двете земји кои се занимаваат со производство, преработка на прехранбени производи, но и комплементарни бизниси како супермаркети, производители на амбалажа за пакување, производители на машини за пакување и сл. Преку оваа средба ПроКредит Банките од Македонија и Србија им дадоа на своите клиенти можност да ги промовираат своите производи пред потенцијалните бизнис партнери од регионот. На настанот имаше и изложба на која присутните бизниси имаа простор да претстават дел од својата палета на прозиводи, да постават каталози и поделат визит карти на потенцијалните соработници. ПроКредит Банка како активен поддржувач на бизнисите покрај финансиска поддршка, инвестира во нивна промоција и развој. ПроКредит Банка ќе продолжи да органира вакви настани за поврзување на своите бизнис клиентите со соодветни партнери од сестринските банки од Балканот и Источна Европа.
Слично

Поврзани вести