ПроКредит Банка со нов изглед, отсега со Централна Управа во Карпош
ПроКредит Банка отсега ќе работи во нова енергетски ефикасна Централна Управа во населба Карпош. Општествената одговорноста и еко стратегијата за заштита на животната средина се основни принципи на политиката на работење на банката и може да се прикажат преку нивната нова градба која зрачи елегантност и естетика.
Новата Централа претставува енергетски ефикасно решене и е уникатна и единствена од овој вид во Македонија.
Банката произведува електрична енергија за свои потреби преку фотоволтаични панели инсталирани на покривот и објектот има многу мало негативно влијание врз животната средина.
Свеченото отварање на Централната Управа на ПроКредит Банка е организирано на 13ти мај 2016 год – петок, во дворот на зградата. Настанот е од отворен карактер со почеток од 19.00 часот кој ќе биде обележан со презентации за енергетски ефикасните инсталации на зградата, говори на највисоките претставници од банката, Гувернерот и Амбасадорот на Р.Германија во Македонија и спектакуларен музички огномет.

