Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПроКредит Банка- 14 години успешно работење во Македонија

ПроКредит Банка- 14 години успешно работење во Македонија

Во Мај 2017 се одбележуваат 14 години успешно работење на ПроКредит Банка во Македонија, како специјализирана банка за развој и модерна банкарска услуга на мали и средни претпријатија и физички лица.

Во последните година значително вложуваме во иновации, софтверски решенија и усовршување на електронското банкарство, во сигурносни системи и апликации. Дополнително инвестициите во 24/7 Зони, ја прават банката подостапна од било кога.
Бидејќи живееме динамичен живот и бидејќи луѓето немаат време да чекаат ред во банка, се стремиме кон директно банкарство и со тој концепт ја доближуваме банката уште поблиску до клиентите секаде и во секое време, до нивната канцеларијата, дом и мобилен телефон на клиентот. На клиентите им нудиме 24/7 пристап до нивните средства како најголема предност како и едноставно и практично електронско банкарство, дизајнирано според потребите на клиентите.

ПроКредит Банка е 100% Германска, сигурна банка, избор број еден заштедите на клиентите.

Настанот беше прославен со коктелза клиентите и огномет, кој е дел од регионалната пракса на ПроКредит Банките. Небото се бои во илјада бои, глетката е спектакуларна поради тоа што огномет од ваков тип може да се види само на светските настани. Огнометот е сертифициран според ИСО стандарди.

Од страна на Банката се обезбедени сите потребни дозволи од надлежните органи за организирање на настан на отворено и користење на пиротехнички материјали: Град Скопје, Општина Карпош, Полициска станица Карпош, Подрачната единица на МВР и МВР – Сектор за оружје и експлозивни и пиротехнички материјали за увоз и превоз.

Настанот беше навремено најавен 1 месец однапред, преку масовни медиуми, радио, постери на околните згради, Кејот на Вардар, преку летоци во сандачиња, како и известувања до околните болници, спортски терени, како и Зоолошката градина.

Теренот е целосно исчистен следниот ден по настанот. Банката е и останува општествено одговорна институција препознатлива по еко иницијативите во Македонија. 

Слично

Поврзани вести