Производителите задоволни, Оризот ќе се откупува по 50 ден/кг
По цена од 50 денари за килограм ќе се откупува белиот ориз.
Оваа одлука вчера ја донесоа во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, заедно претставници на откупувачите, земјоделските здруженија и на оризопроизводителите.
Оризопроизводителите искажаа задоволство од оваа одлука при што од Министерството посочија дека доколку има потреба според показателите на пазарот истата цена може да се корегира.
Жетвата е на самиот праг. Годинава Кочанскиот регион очекува род од 27.000 тони арпа.
Слично
