Економија, финансии, бизнис

Контакт

Производителите на ориз да поднесат барања за субвенции за оризова арпа

Производителите на ориз да поднесат барања за субвенции за оризова арпа

Барања за субвенции за произведена и продадена оризова арпа може да се поднесуваат до 31 август.

Тие се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со доставување потврда за предадена оризова арпа која ја издава откупното претпријатие.

Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои произвеле оризова арпа од реколтата 2015 година и ја предале во регистрирани откупни претпријатија од 1 јули до 31 јули 2016 година.

Сумата е пет денари по килограм за пријавена површина со ориз до два хектара, четири денари по килограм за пријавена површина со ориз од два до 10 хектари и три денари по килограм за пријавена површина со ориз над 10 хектари.

При пресметка на финансиската поддршка се земаат предвид количините кои не надминуваат 5,5 тони по хектар.

Слично

Поврзани вести