Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прогласен најсигурниот град на светот

Прогласен најсигурниот град на светот

Токио е најсигурниот град во светот, покажа индексот на мерење на сигурноста на „The Economist Intelligence Unit“.

На листата меѓу останатите се и Сингапур, Осака, Торонто, Франкфурт, Лондон... а рангирањето е направено врз основа на неколку фактори.

Дигитална сигурност - се мери квалитетот на сигурноста на интернет, стапката на кражби на идентитет и други фактори, пренесува „Business Insider“.

Здравствена сигурност - подразбира очекувано траење на животот на граѓаните, како и бројот на болнички кревети во однос на популацијата.

Инфраструктура - се оценува квалитетот на патиштата и бројот на луѓе кои умираат како последица на некои природни катастрофи.

Лична сигурност - оваа категорија подразбира традиционални мерки на сигурност, како што се криминалот, степенот на полициска подготвеност и бројот на особено насилните криминални дела.

Така Токио врз основа на овие критериуми е прогласен за најсигурен град на светот, иако тоа не значи дека е најдобар во секој од наведените сегменти.

Така, Сингапур кој е втор на листава, е најдобар кога е во прашање личната сигурност, а Њујорк и Лос Анџелес водат во сегментот на дигиталната сигурност. Цирих е ненадминлив кога станува збор за здравствената сигурност и инфраструктура, Торонто е најдобар град за живот кога говориме за бизнис опкружувањето, демократијата, трошоците за живот ...

Ранг листа на најсигурните градови:

1. Токио 2. Сингапур 3. Осака 4. Стокхолм 5. Амстердам 6. Сиднеј 7. Цирих 8. Торонто 9. Мелбурн 10. Њујорк 11. Хонг Конг 12. Сан Франциско 13. Таипеи 14. Монтреал 15. Барселона 16. Чикаго 17. Лос Анџелес 18. Лондон 19. Вашингтон 20. Франкфурт

Слично

Поврзани вести