Продолжуваат активностите од еко-конкурсот на dm ,,Зелена иднина: од градинка до училиште“: Ново раззеленување на 2 училишни двора
Садењето се одвиваше во прекрасна и инспиративна атмосфера, исполнета со активно учество на децата. Учениците со голема радост и внимателност учествуваа во секој дел од процесот, што им овозможи да стекнат практични знаења и да се поврзат со природата на еден непосреден начин. Тие покажуваа вистински интерес, поставувајќи многу прашања за важноста на зачувувањето на зеленилото и животната средина, а поддршката од експертите од Македонското еколошко друштво (МЕД) придонесе ова искуство да биде и едукативно и мотивирачко - активностите беа збогатени со едукативни предавања кои ги реализираа експерти од Македонското еколошко друштво (МЕД), со цел учениците преку непосреден контакт со природата и садењето да стекнат знаења за значењето и важноста од грижата за животната средина.

За потсетување, конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ е отворен за сите државни и општински основни и средни училишта и градинки да го пријават својот двор за истиот да добие шанса да биде раззеленет и хортикултурно уреден. Сите проекти пријавени на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ ги разгледува специјално составен стручен тим од претставници на dm drogerie markt и претставник од Македонското еколошко друштво (МЕД), а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. Во секој од предвидените месеци за садење се реализираат по два проекти. Пријавувањето на нови проекти за конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ може да се направи преку формуларот за пријава на платформата ,,Заедно едни за други“.

Овој проект претставува значаен пример за општествена и еко-одговорност, преку кој компанијата dm drogerie markt во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) дава свој придонес кон заедницата и промовира висока свест за заштита на животната средина. Од друга страна, проектот ја истакнува важноста на знаењето на младите генерации за одржлив развој и вредностите што ги негуваат како идни носители на општествената одговорност и грижа за природата.


