Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продолжен притворот на Мирослав Шиповиќ

Продолжен притворот на Мирослав Шиповиќ
За уште 30 дена судот денеска му го продолжи притворот на актуелниот претседавач со општина Центар и првообвинет во случајот „Машинопромет“, Мирослав Шиповиќ. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1  го продолжи притворот иако како гаранција беше понуден стан од 70.000 евра. Својот имот за Шиповиќ да може да се брани од слобода го предложи и врвот на опозициската СДСМ, советници од Центар како и градоначалникот на оваа општина. Сепак и ова не беше доволно за судот. Шиповиќ уште со 11-мина лица, се товарат за злоупотреби во работењето и избегнување данок од 17 милиони денари. Во случајот „Машинопромет“, Шипович се сомничи дека додека бил на раководна функција проневерил милион евра. Тој беше приведен во Виена, додека се враќал од САД кон Македонија. Австриските власти го притвориле по издадена потерница од македонските служби.
Слично

Поврзани вести