Економија, финансии, бизнис

Контакт

Продажбата на „оранж џус“ во САД на историски минимум

Продажбата на „оранж џус“ во САД на историски минимум

Малопродажбата на сок од портокали во САД паднала на историски минимум, бидејќи некогашниот многу популарен утрински пијалок ја изгуби привлечноста меѓу купувачите, објави Маркет воч.

Американците за четири недели заклучно со 2 август, купиле 34,96 милиони галони (1 американски галон е 3,78 литри) сок. што е 9,2 одсто помалку отколку во истиот период минатата година, покажале податоците на аналитичката агенција Нилсен. Таа количина е најниска откога се следат податоците, од јануари 2002 година.

Малопродажбата на сок од портокал го достигна овогодинешниот максимум од 48,63 милиони галони на 18 јануари, бидејќи поради ладната зима Американците го купувале овој пијалок богат со витамин Ц. Меѓутоа, од тој момент продажбата била во непрекинат пад, наведува Нилсен.

Според мислењето на експерти, се поголем дел на пазарот завземаат енергетските пијалоци и разни егзотични сокови. Покрај тоа, на падот на популарноста на  „оранж џус“ влијаела и високата цена. Цената на галон сок на 2 август достигна нов рекорд од 6,44 долари што е 4,1 одсто повеќе отколку година дена порано.

Растот на цената помеѓу останатото, е условена и од најнискиот род на портокали на Флорида во последните 29 години поради бактеријата која предизвикува опаѓање на плодовите од дрвото пред да созреат. При тоа аналитичарите очекуваат понатамошно влошување на состојбата во следната година, која започнува на 1 октомври.

 
Слично

Поврзани вести