Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пробиен дел од браната во село Липа, Неготинско

Пробиен дел од браната во село Липа, Неготинско

Пробиен е дел од браната во село Липа, Неготинско, и постои опасност целосно да попушти што може да предизвика катастрофални последици, човечки жртви и поплава врз околните земјоделски површини, алармираат претседателот на Месната заедница Јован Гелов и Здружението на граѓани од селото Липа.

Според Гелов, проблемите со браната настанале како последица од поројните дождови.

За проблемот се информирани локалната самоуправа, комуналниот инспектор, Центарот за управување со кризи и Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Липа е иселено, но постојано го посетуваат луѓе кои потекнуваат од таму и кои имаат обработливи земјоделски површини. Мал е бројот на оние што живеат во селото цела година.

Слично

Поврзани вести