Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приватно здравствено осигурување за сите вработени на Лакталис МК

Приватно здравствено осигурување за сите вработени на Лакталис МК

Еден од главните постулати на корпоративната култура на компанијата Лакталис МК е грижата за вработените, а нивното здравје и безбедност – главен приоритет. Согласно тоа, од средината на оваа година, Лакталис МК во соработка со Еуролинк осигурување, ги осигура сите свои вработени со дополнително приватно здравствено осигурување.

„Здравјето и сигурноста на вработените се императив на нашата компанија. Настојуваме континуирано  да ги подобруваме условите за работа на вработените, а полесниот пристап до квалитетни здравствени услуги се од особено значење за нас, бидејќи, здравјето на вработените е на прво место“ – изјави генералниот директор на Лакталис МК, Ванчо Постоловски.

Преку приватното здравствено осигурување компанијата на вработените ќе им овозможи полесен пристап до медицинските услуги кои вклучуваат здравствени прегледи, но го покриваат и болничкото лекување во случај на хоспитализација во сите приватни и државни болници на територијата на нашата држава, надомест на трошоците за амбулантно лекување, покривање на трошоци за бременост и породување, специјалистички прегледи и дијагностички постапки во приватните здравствени установи, домашна нега, физикална терапија, психолошка и психијатриска помош и лекување, надомест на трошоците за лекови препишани од лекар надвор од болничките третмани како и надомест на трошоците за стоматолошки услуги или интервенции.

Овозможувањето на овие погодности е дел од напорите на Лакталис МК, како дел од најголемата млечна индустрија во светот,  преку позитивна корпоративна пракса, да придонесе за подобрување на добросостојбата и задоволството на своите вработени.

ПР Објава

Слично

Поврзани вести