Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приватна компанија виновна за поморот на риби во Брегалница!?

Приватна компанија виновна за поморот на риби во Брегалница!?
Сознанија на делчевските рибари и полицијата упатуваат на заклучок дека поморот на риби во Брегалница е предизвикан од преработувачките капацитети на една делчевска компанија со испуштање на  каустична сода и  киселини во одводната канализациската цевка. Рибарите претпоставуваат дека ваквиот раствор се излеал директно во водите на Брегалница и го предизвикал масовното уништување на рибниот фонд во должина од три до четири километри. Надлежните инспекциски ќе превземат соодветни мерки откако ќе ги добијат резултатите од земените мостри и записниците од полицијата. Иако  водите од Брегалница се акумулираат во хидроакумулационото езеро „Калиманци“, нема опасност по рибниот фонд во акумулацијата, сметаат делчевските рибари.
Слично

Поврзани вести