Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигнаа долгоочекуваните вакцини за јазлеста кожа

Пристигнаа долгоочекуваните вакцини за јазлеста кожа

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека денеска 250.000 дози од вакцината за спречување на болеста јазлеста кожа кај говедата пристигнаа во Македонија.

Во тек е дистрибуирањето на вакцината до надлежните ветеринарни друштва, ветеринарните амбуланти и матичните ветеринари. Според веќе изготвениот акциски план за превентивна вакцинација Агенцијата за храна и ветеринарство ќе започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија за спречување на ширење на болеста јазлеста кожа.

Оваа тропска болест првпат се појави во Македонија и воопшто во Европа и интензивно се шири. Болеста јазлеста кожа кај животните е вирусно заболување и не постои ризик по здравјето на луѓето. Месото и млекото не се опасни, а човекот може да ги употребува бидејќи болеста ги напаѓа само говедата.

Слично

Поврзани вести