Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигна новото „Renault Twingо“

Пристигна новото „Renault Twingо“
По регионалната презентација во Белград, симболот на креативноста на Renault –новото Тwingo е веќе изложено во продажниот салон на Renault. Првиот впечаток е дека зрачи својот дизајн, живост и удобност во внатрешноста како и силниот карактер и е достано во четири популарни бои: сина, ледено бела, јако жолта и огнено црвена. New Renault Twingo Неговата големина е предност за возење во град, а преместувањето на моторот во задниот дел го ослободува предниот дел и значително го подобрува радиусот на движење. Новиот Twingo ги наследил извонредните маневарски способности за движење низ град, како и за паркирање со неколку потези со управувачот. Конструкцијата со моторот во задниот дел го ослободува просторот во предниот дел. Ова овозможува да се скрати хаубата во корист на внатрешниот простор што е достоен за повисок сегмент. Удобноста во внатрешноста е нагласена со поставување на четири тркала на четирите агли на шасијата. Овој градски автомобил ја зголемува својата сестраност со тоа што за првпат нуди каросерија со пет врати. Renault Twingo 2 Новиот Тwingo го истакнува нагласениот преден дел со раскошни светла на подобрените трепкачи и двете линии на капакот на моторот. Овој изглед потсетува на RENAULT 5, а исто така, му носи на Тwingo две округли дневни светла. Освен тоа, тој е инспириран и од клучните успеси на новиот Clio: со флуидни линии благодарение на скриените задни рачки и персонализација на куќиштетот на ретровизорите, страничните лајсни, предната маска и разни додатоци. Изборот на бои и персонализацијата, како можност за додавање на проширени браници му овозможуваат на новиот Тwingo да има различен изглед: женски или машки, градски или спортски. Повеќе информации во однос на моделот може да најдете на следниот линк : http://renault.mk/novi-vozila/patnicki-vozila/twingo/novi-twingo/opsta-prezentacija/index.html
Слично

Поврзани вести