Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приштина ја повлече одлуката за царините, за Бектеши ова е потврда за добри односи

Приштина ја повлече одлуката за царините, за Бектеши ова е потврда за добри односи

Одлуката за зголемените царини косовската Влада ја укина во целост. 

Ова го соопшти денеска министерот за економија, Кресник Бектеши.

Тој вели дека ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји.

„Пред неколку минути бев информиран дека Косово ја повлече одлуката во целост, а претходно на владината седница на косовската Влада, биле земени предвид аргументите што беа изнесени од македонската страна на петочната средба во Приштина“ – изјави Бектеши.

Тој  во петокот имаше средба со косовскиот колега Бајрам Хасани но, се врати без конкретен договор.

Косово ја воведе одлуката на 18 јули годинава и со неа царините за вкупно 21 земјоделски производ беа зголемени за 30 отсто.

Македонските стопанственици и производители претходно беа на ставот дека одлуката на Косово треба што поскоро да се повлече бидејќи штетите се големи. 

Слично

Поврзани вести