Економија, финансии, бизнис

Контакт

Природни решенија за проблеми со простата

Природни решенија за проблеми со простата

Појавата на бенигна хиперплазија на простата може да настане како резултат на хормонски промени поради стареењето. 50% од мажите над 50 години имаат ваков проблем, а над 90% од мажите над 80 години го имаат истиот проблем, кој понатаму може да предизвика проблеми со мокрење. Проблеми со простата покрај БХП може да предизвика и простатитис т.е воспаление на простатата која потоа може да биде причинител на инфекции на уринарниот тракт кај мажите, а во најлош случај доколку навремено не се третира проблемот со простата може да доведе и до појава на карцином. Симптоми кои може да ве наведат дека е можно да имате проблеми со простата се следниве: често мокрење, недоволна јачина на млазот, зголемено ноќно мокрење, чувство дека мочниот меур не е доволно испразнет итн. Доколку не се промени животниот стил односно да се намали внесот на алкохол, газирани пијалоци, кафе, чај, зачинета храна,  и сето тоа да се замени со внес на повеќе вода, зелен зеленчук и домат кој е извор на ликопен и е моќен антиоксиданс може да се појават сериозни компликации. Ликопенот е особено важен бидејќи и самото ткиво на простата е богато со ликопен и негов недостаток може да доведе до појава на карцином на простатата.

Покрај промената на животниот стил потребно е навремено да се третираат проблемите со простата со помош на препарати на природна основа. Како најчесто користено растение за третман на простата се споменува сабалната палма (назабена палма) која е извор на јаглени хидрати, олеинска палмитинска и стеаринска  киселина, стероиди итн. кој делуваат антиандрогено, антиестрогено и антивоспалително и помагаат за намалување на симптоми кај БХП од прв и втор степен. И со тоа ја намалуваат потребата за често дневно и ноќно мокрење и стимулираат проток на урината.

Друго растение кое исто така често се споменува во литература а и помеѓу луѓето е коренот од коприва. Коренот од коприва делува антиинфламаторно и ја поттикнува диурезата и ефикасно помага при воспаление на простата и мочниот меур како и при тешко и болно мокрење. Коренот од коприва ефективно помага за намалување на фреквенцијата на ноќно мокрење како и на намалување на заостаната урина во мочниот меур. Ова рестение се користело уште многу одамна и се работи за потполно безбедно растение кое не дава несакани ефекти и интеракции со други растенија/лекови. Во вакви случаеви внесување на витамини и минерали како цинк и селен покрај како антиоксиданси, можат значително да помогнат за превенција и третман на состојби поврзани со простата. За најдобри резултати се препорачува комбинација од растенија и витамини и минерали кој во синергија би придонеле за и подобрување на здравјето на простата. Вакви препарати пожелно е да се земаат и како превентива со што би се подобрил квалитетот на животот кај мажите.

М-р фарм. Соња Пецевска

* ПР - објава

фото: freepik.com


Слично

Поврзани вести