Економија, финансии, бизнис

Контакт

Примерок на „Малиот принц" продаден за 90 000 евра

Примерок на „Малиот принц" продаден за 90 000 евра

Оригинален примерок на книгата „Малиот принц" од францускиот писател Антоан де Сент-Егзипери, вклучувајќи и четири илустрации и посвета од авторот, беше продаден на аукција во Париз за близу 90 000 евра, пренесе Франс прес.

Примерокот е оригинал од американското издание на делото. Сент-Егзипери го напишал и го илустрирал „Малиот принц" во 1942 година, додека тој и неговата сопруга живеат во Лонг Ајленд, САД. Книгата  прв пат е објавена една година подоцна во Њујорк.

Овој примерок  е подарок од Антоан де Сент-Егзипери за неговиот пријател и иден генерал на француските воздухопловни сили, Лионел-Макс Шасен и е со посвета од авторот за најголемиот син Дуду Шасен. 


Слично

Поврзани вести