Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилеп домаќин на првиот поштенски маратон во светот

Прилеп домаќин на првиот поштенски маратон во светот

Првиот поштенски маратон е манифестација која има за цел промоција на поштенската дејност преку поддршка на трчањето на долги патеки и активниот начин на живот. Идејата на овој маратон е тој да биде традиционален и неговото одржување да биде во различни градови низ светот.

Поштарите, како симбол на постојано движење низ улиците низ целиот свет, завземаат централно место во идејата на самиот маратон, прикажани преку учесниците на овој настан.

Poster_Postal_Marathon

Првиот поштенски маратон ќе се одржи на 1-ви Ноември во Прилеп, а генерален покровител на настанот е Македонска пошта АД.

Самата програма е оформена да ги вклучува сите возрасти и во неа да можат да се вклучат сите рекреативци:

-Маратонска трка

-Полу маратонска трка

-Забавна трка oд 5 км.

-Детска трка од 1км.

Ве покануваме да се пријавите како маратонец на некоја од овие трки или да дојдете да ги поддржите учесниците во борбата со километрите. За сите натпреварувачи од Скопје обезбеден е бесплатен превоз.

Регистрацијата е на веб страната: www.postalmarathon.com, а сите останати информации може да ги дознаете и на Facebook страната: www.facebook.com/postalmarathon

Слично

Поврзани вести