Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приклучете се на „Простор за поддршка“: Бесплатни поддржувачки сесии за справување со траумата и загубата во Кочани

Приклучете се на „Простор за поддршка“: Бесплатни поддржувачки сесии за справување со траумата и загубата во Кочани

Пожарникари. Наставници. Медицински сестри. Психолози. Полицајци. Волонтери.

Сите вие кои сте први на линија кога другите не можат. И кои често го носите тоа во тишина.

Овој мај започнува серија на групни поддржувачки сесии, наменети за професионалци што беа директно или индиректно погодени од трагедијата во Кочани.

• 4 работилници – секоја втора сабота

• Почнувајќи од 10 мај, во Кочани

• Водени од психолози и супервизори

• Фокусирани на стабилизација, размена, справување со замор, емотивна преголема вложеност, второстепена траума и прегорување

Контакт за пријава: 078 313 306

Максимална доверливост. Целосно бесплатно.

Реализацијата на проектот е овозможена од dm Македонија во соработка со стручниот тим на Психолошкиот Центар Алтернатива – Групација Алтернатива.

ПР објава

Слично

Поврзани вести