Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пријави за тримесечните обврзници на ДДВ само по електронски пат

Пријави за тримесечните обврзници на ДДВ само по електронски пат

Стопанствениците од гостиварскиот регион кои се тримесечни обврзници на данок за додадена вредност од 1 јули пријавите треба да ги доставуваат по електронски пат. Како што информираат одговорните од службата за регистрација на даночни обврзници, процедурата за регистрација во новиот систем е-даноци е едноставна и за неа е потребно да се има пристап до интернет.

„До крајот на месецот ќе бидат организирани посебни обуки на кои обврзниците и одговорните лица подобро и подетално ќе бидат информирани со оваа законска обврска“, рече Андреа Ѓерасимоски, раководител  на службата за регистрација на даночни обврзници

На подрачјето на Гостивар регистрирани се околу 430 тримесечни обврзници, главно средни и мали претпријатија.

Од почетокот на годината ДДВ пријавите и даночните биланси за данокот на добивка по електронски пат го пријавуваат и околу стотина едномесечни обврзници.

Слично

Поврзани вести