Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претставен Samsung Galaxy Flip Z - Иднината на смартфоните

Претставен Samsung Galaxy Flip Z - Иднината на смартфоните

Samsung Mobile иднината на смартфоните ја гледа во новата флексибилна форма која го надминува традиционалниот дизајн и изглед. На големиот промотивен настан Unpacked 2020 една од главните ѕвезди е токму новиот модел Samsung Galaxy Flip Z кој има форма на коцка и лесно може да се носи во џебот, а откако ќе го отворите добивата еден голем екран со 6,7 инчи или два посебни делови од дисплејот. Главната замисла е Samsung Galaxy Flip Z да служи како врвен уред за мултимедија и мултифункционалност. 

Долниот дел од екранот на Samsung Galaxy Flip Z може да послужи како потпирач, а на горниот дел од екранот да гледате видеа, да преслушувате песни, да листате слики, да правите селфи со предната камера од 10 мегапиксели, потоа да воспоставувате видео повици или да се допишувате. Samsung Galaxy Flip Z работи со сосема нов кориснички интерфејс Flex mode кој е надградба на Android и е изработен со поддршка на Google. Така корисниците ќе може да користат истовремено голем број на апликации поделени на горниот и долниот дел на Foldable Dynamic AMOLED дисплејот. 

Од надворешната страна Samsung Galaxy Flip Z има мал помошен 1.1 инчен Super AMOLED дисплеј на кој ќе се прикажат нотификации. Истите може веднаш да ги активирате како од малиот екран, така и да продолжите да работите со овие апликации штом го отвориот целиот дисплеј. Samsung Galaxy Flip Z има и нов механизам на склопување и отворање кој е унапреден во споредба со ланскиот експериментален флексибилен смартфон Samsung Galaxy Fold, односно има подобра стаклена заштита и обвивка на маската. 


Хардверот на Samsung Galaxy Flip Z е предводен од осум-јадрен Snapdragon 855+ (7 nm) процесор, со 8GB RAM, 256 GB меморија, тројна главна камера со по 12 мегапиксели, 10 мегапикселна селфи камера, батерија со капацитет од 3300 mAh и брзо полнење од 15W. Фактор имаше екслузивна можност да го проследи претставувањето на новите модели од флексибилната и Galaxy S20 серијата, па така одблиску ќе ви ги претставиме сите детали за можностите кои ги нудат овие атрактивни смартфони. Samsung Galaxy Flip Z ќе биде достапен веќе од 14 февруари во селектирани земји со цена од околу 1400 долари.

Слично

Поврзани вести