Економија, финансии, бизнис

Контакт

Претседателот на РМ со Признание за Македонски Квалитет за 20.000 член на ССК

Претседателот на РМ со Признание за Македонски Квалитет за 20.000 член на ССК

На свечена промоција доделени се  Признанијата за Макeдонски квалитет 2015 на 10 компании меѓу кои е и 20.000. член на Сојузот на стопански комори. Комисија составена од членови на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија согласно прецизно воспоставени критериуми, внимателно ги селектираше македонските инвеститори кои имаат традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и се амбасадори кои успешно го промовираат македонскиот  квалитет на национално и глобално ниво. Добитници на Признанието за Македонски Квалитет 2015 се: Ариљеметал, Голден Арт, Евросимовски Консалтинг, Еуген, Зегин, Институт Југ, Камник Винарија, Компјунет Инженеринг, Македонија Експорт и Тинекс. Признанијата за Македонски квалитет на 9 добитници ги додели претседателот на Сојузот, Данела Арсовска. Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов го додели признанието за Македонски квалитет на 20.000 член на Сојузот, институтот Југ која во тековната година претставува најголемата домашна инвестиција во Република Македонија.

Priznanija za Makedonski Kvalitet 2015

„Сојузот на стопански комори е современа, иновативна, динамична и најбрзорастечка македонска деловна мрежа, која ги следи модерните достигнувања во бизнис светот. Токму затоа, најголем дел од компаниите го препознаа Сојузот како партнер организација која ги поддржува во нивниот брз развој, во нивниот претприемачки дух, во следење на  најновите достигнувања во светот на бизнисот. Во изминатите 2 години Сојузот, од комора со 8 секторски комори, прерасна  во деловна мрежа во која пристапија вкупно 24 стопански комори од кои 2 билатерални, 8 регионални и 14 општи и секторски, со над 30 групации, здруженија и асоцијации. Со својата организација и со своите 20.000 членови e најголемата македонска деловна мрежа. Сојузот на стопански комори  во оваа прилика им оддава признание и им се заблагодарува на сите свои соработници за придонесот во заедничките успеси и достигнувања“  рече Арсовска во своето обраќање.

Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р. Ѓорге Иванов ги поздрави добитниците на наградите за Македонски Квалитет 2015 и истакна дека за развој на македонската економија, од исклучително значење е поединечниот развој на секоја домашна компанија. Претседателот ја додели наградата за Македонски Квалитет на 20.000-от член на Сојуз на стопански комори на Македонија.

Priznanija za Makedonski Kvalitet2015

По свеченото доделување на признанијата во пријатно расположение бројните гости, стопанственици, министри, амбасадори, градоначалници, новинари на предновогодишен коктел ја прославија досегашната соработка и си посакаа годината која доаѓа да биде уште поуспешна.

Оваа Манифестација се очекува да прерасне во традиција и секој декември  да биде во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските компании за тековната година.

Слично

Поврзани вести