Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пресврт: Русија прави повеќе пари од зеленчук, отколку од оружје

Пресврт: Русија прави повеќе пари од зеленчук, отколку од оружје
Кој би рекол дека Русија максимално ќе ги искористи санкциите воведени од САД и ЕУ и ќе направи целосен пресврт во земјоделието, производството на храна и извозот кој сега ја надмина и воената индустрија. Токму санкциите за храната ги натераа руските власти да го развијат агро-бизнисот и обработуваат повеќе земја. Извозот на овошје и зеленчук за прв пат оваа година на Русија и донесе повеќе пари отколку продажбата на оружје во воените конфликти како и на странски влади. Бројките ги потврдуваат и американските власти кои направиле проценка дека годинава Русија ќе продаде повеќе жито отколку земјите од ЕУ, а тој раст ќе се зголемува за 15% и во наредната година. Ослабувањето на рубљата придонесе и за пад на цените на домашните производи кои на пазарите во Русија станаа многу поевтини и конкурентни во однос на увезените што им донесе повеќе приходи на земјоделците и трговците. Жетвата оваа година на жито во Русија ќе изнесува неверојатни 110 милиони тони.
Слично

Поврзани вести