Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пререгистрацијата на земјоделците се одлага за шест месеци

Пререгистрацијата на земјоделците се одлага за шест месеци
Наместо од 1 јуни годинава, пререгистрацијата на земјоделците ќе започне од 1 јануари идната година. Причина за усогласувањето е софтверско усогласување меѓу Министерството за земјоделство и Управата за јавни приходи. Собранието денска ги изгласа измените на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување. Измените со кои се предвидува одложувањето на регистрацијата беа поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов.
Слично

Поврзани вести