Економија, финансии, бизнис

Контакт

Препораките на СЗО ќе ги уништат македонските тутунопроизводители

Препораките на СЗО ќе ги уништат македонските тутунопроизводители
Македонските тутнопроизводители бараат Владата да не ги поддржи препораките на  Светската здравствена организација за намалување на производството на ориентален тутун. Во соопштението што го испратиле до Владата, преставниците од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители, предупредуваат дека економските последици од овие препораки би биле катастрофални за повеќе од 250.000 граѓани на Македонија, чија единствена егзистенција е токму производството на тутун. Тутунарите бараат пред да се донесе било каква одлука да бидат консултирани, а Владата  да ги заштити и да гласа против овие препораки во Сеул. Ваква петиција тутунопроизводителите поднесле и до министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, до здравство и надворешни работи.    
Слично

Поврзани вести