Економија, финансии, бизнис

Контакт

Преминот „Богородица“ утре без струја, отежнат ќе биде влезот за Грција

Преминот „Богородица“ утре без струја, отежнат ќе биде влезот за Грција

Утре во перодот од 8 до 10 часот без струја ќе биде граничниот премин „Богородица“ со терминалите на МВР, како и казината Фламинго, Принцес и Сенатор. Според највите на ЕВН во Гевгелија, прекинот мора да биде направен поради подобрување на квалитетот на електроснабдувањето.

Во истиот период без електрично напојување ќе бидат и населените места Конско, Хума, Кованец, Серменин и Мрзенци, како и туристичкиот локалитет Смрдлива Вода.

Куси прекини во снабдувањето со струја околу 5 часот наутро ќе има и во некои стопански субјекти и во гевгелиските оранжерии.
Слично

Поврзани вести