Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премија од 500.000 денари на лозот Детелинка се падна во Радовиш

Премија од 500.000 денари на лозот Детелинка се падна во Радовиш

 Првата премија од вкупно петте на инстант лозот Детелинка од 500.000 денари падна во Радовиш. Добитници се братчињата Оливер и Кристијан, кои среќниот лоз го купиле на Бадник.

Инстант лозот Детелинка, Државна лотарија на Македонија го промовираше пред Нова Година. Нуди само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет по 100.000 денари, сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка.

Покрај над 50 воизила од инстант лозовите, ова е трета по ред парична добивка од 500.000 денари која е остварена од инстант лозовите на Државна лотарија на Македонија, а прва на инстант лозот Детелинка.

Слично

Поврзани вести