Економија, финансии, бизнис

Контакт

Премиера на „Солун, град на духови“ од Слободан Унковски

Премиера на „Солун, град на духови“ од Слободан Унковски

Театарот на Навигаторот Цветко на 2ри март 2015 година, во Музејот на холокауст на евреите од Македонија премиерно ќе ја прикаже претставата СОЛУН - ГРАД НА ДУХОВИ. Претставата е во режија на Слободан Унковски, а текстот е од Русомир Богдановски, инспирирано од истоимената книга на Марк Мазовер.

Драмската екипа е составена од Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Наталија Теодосиева, Стефан Вујисиќ, Мартин Манев, Горан Ников, Владимир Петровиќ, а музиката е авторско дело на Златко Ориѓански.

salonica

Претставата е направена со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија и на Музејот на холокаустот на евреите од Македонија.

Хрониката СОЛУН ГРАД НА ДУХОВИ, христијани, муслимани и евреи 1430 –1950 од светски познатиот историчар и професор, Марк Мазовер, е објективна хроника на животот и случувањата во текот на пет века, во најзначајниот град на Македонија. Опфаќа период од турското освојување на Солун во 1430 година, па се до депортацијата и холокаустот на 45.000 солунски евреи во логорот Аушвиц. Русомир Богдановски инспириран од оваа историска хроника развива документарно играна драма возбудлива по настаните, судбините на луѓето и течењето на времето.

Златко Ориѓански напиша повеќе оригинални песни и друга музика за оваа претстава, во духот на балканската музичка традиција.

Солун – град на духови е првиот дел од трилогијата која ќе ги опфати и Лерин – полиња жито, ридишта крв во 2015 година и Скопје - Скопје во 2016 година.

Претставата се игра во Музејот на холокауст на евреите од Македонија, со почеток во 20 часот. Претпремиерата е закажана на 1ви март, а реприза сабота 7ми март. Билетите се достапни на влезот на Музејот на холокауст на евреите од Македонија.

Слично

Поврзани вести