Преку фејсбук страница се бара помош за бебето Најден
„Да ми помогнеме на Најден“е фејсбук страницата каде може да се најдат подетални информации за бебето Најден, кое во понеделникот беше најдено во грмушки во двор на скопското село Арачиново.
-За сите што сакаат да помогнат, наместо во болница, ве молиме работите што сакате да ги донирате да ги донесете во недела 14 април од 10-12 часот во Градски парк кај Школка, ќе има возило што ќе ги пренесе во болница“, пишува таму.
На страницата во секој момент ќе има информации кога и каква помош му треба на Најден.
Инаку, за еден ден на Клиниката за детски болести, каде на лекување се наоѓа бебето кое беше најдено со пресечен јазик и со модрици од давење, за Најден се собрани пелени, хигиенски прибор, влажни марамчиња, облека и играчки.
Слично
