Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прекин на струја во Зелениково, на вода во Центар

Прекин на струја во Зелениково, на вода во Центар
Селата Пакошево, Ново Село, Смесница, Страхојадица, дел од село Зелениково, како и железничката станица Зелениково во  среда во периодот од 9 до 15.30 часот ќе останат без струја елекртична енергија поради реализација на технички зафати во електро системот.

Во среда исто така струја ќе нема и за  жителите од Горно Нерези, општина Карпош во периодот од 09.30 до 15 часот.

Утре без вода делови од општина Центар Дел од општина Центар утре ќе остане без вода за пиење. Како што информираат од посочуваат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ,  вода ќе нема од 09.30 часот на улиците „Димитрие Туцовиќ“, „Кукушка“, „Ј.Х.Џинот“, „Крсто Баиќ“ и „Ленинова“.

Прекинот на водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок на крстосницата на улицата „Кукушка“ со „Димитрие Туцовиќ“. Жителите без вода ќе останат до завршување на работата на водоводното претпријатие.

Слично

Поврзани вести