Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕГЛЕДАЛ НАД 1.000 CV-а: Кандидатите ова не треба да го прават...

ПРЕГЛЕДАЛ НАД 1.000  CV-а: Кандидатите ова не треба да го прават...

Амбра Бенџамин од ИТ индустријата прегледал над 1.000 CV-а и советува кандидатите што не треба да прават. 

Вели дека не треба да ја пишуваат кратката биографија во прво лице затоа што е многу долга и изгледа смешно. 

Бенџамин објаснува дека никој не треба да има биографија од 8 страници, макар и да е добитник на Нобелова награда. На тој начин резимето не е импресивно, туку е безначајно, смета тој. 

Советува да изберат лице и време за биографијата и да не биде дел напишан во сегашно, а дел во минато време. 

Вели дека биографијата треба да се испрати електронски, затоа што вработените немаат време да посветуваат внимание на кандидати кои ќе дојдат лично да донесат CV. 

Бенџамин додава дека не треба да се претерува со листата на способности кои ги имаат кандидатите, затоа што на крај ќе се види колку еден работник е способен или не. 


Слично

Поврзани вести