Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се собираат плодовите од поплавените подрачја!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Да не се собираат плодовите од поплавените подрачја!
Министерството за земјоделство на Србија денеска ги предупреди земјоделците никако да не ги собираат плодовите од нивите и градините од кои се повлекува водата и да не ги користат за исхрана. По препорака на Институтот за јавно здравје, сите земјоделски култури кои биле во контакт со водата од поплавите, како и земјоделските производи складирани во амбарите, не треба да се користат за исхрана бидејќи постои можност да бидат бактериолошки и хемиски загадени. Сите намирници кои дошле во контакт со водата од поплавите, па и оние во фрижидери, замрзнувачи или остави исто така не треба да се користат. Во исхраната не треба да се употребуваат ниту лесно расипливи производи како месо, млеко и јајца, свежо овошје и зеленчук, туку повеќе конзервирани производи, суво овошје и кондиторски производи. Се препорачува и стриктна хигиена на рацете, особено при подготовка и конзумирање храна, а во случај на појава на симптоми - гадење, повраќање, дијареа и повишена температура, граѓаните треба веднаш да се јават на лекар.
Слично

Поврзани вести