Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предпразнично изненадување за дечињата од Детската Клиника

Предпразнично изненадување за дечињата од Детската Клиника

Во духот на новогодишните празници и празнувањето, првиот центар против стареење во Македонија, Promoitalia, посака да ги изненади дечињата од Детската Клиника во Скопје со интересен новогодишен подарок.

 DSC_2406

Имено, децата од Детската Клиника вчера се здобија со убаво украсена новогодишна елка, накитена на несекојдневен начин, токму од вработените на центарот, со безброј шарени и светкави лампиони и мечиња, кои закачени на елката предизвикаа голема радост и воодушевување.

 DSC_2403

„Секогаш децата се оние кои треба да ни бидат инспирација да се потрудиме да бидеме почовечни и похумани, не само за време на празниците, туку во текот на целата година. Тие се нашата иднина и токму нивната среќа и благосостојба треба да бидат приоритет кај секого од нас.“, изјави Олгица Стојимировиќ, сопственичка на првиот центар против стареење во Македонија, Promoitalia.

 DSC_03 final

Голема благодарност до сопственичката на центарот, изрази и директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, проф. Д-р Аспазија Софијанова, која како и дечињата, не ја криеше својата воодушевеност од подарокот и убавиот гест да им се разубават празниците токму на децата кои престојуваат во клиниката за време на новогодишните празници.

DSC_2297

[gallery ids="192318,192319,192322"]
Слично

Поврзани вести