Предновогодишна донација на Компанијата Кожувчанка!
Во текот на
годината што изминува компанијата Кожувчанка од Кавадарци донираше многупати
онаму каде што помошта е најпотребна. Така и денес, на крајот од истата, оствари
донација на Воспитно поправниот дом за деца штитеници од Тетово.
Грижејќи се за здравјето на децата штитеници и нивната физичка активност, Кожувчанка ДОО им подари спортска опрема, тренерки, маици и фудбалски топки. Исто така за потребите на Воспитно поправниот дом обезбеди и средства за дезинфекција и хигиена, како и пијалаци.
Оваа донација на компанијата Кожувчанка, со своето присуство како поддршка, ја поздравија и Министерот за правда г-дин Бојан Маричиќ и Претседателот на Основен Суд-Кавадарци, г-динот Лазар Нанев.


Слично
