Економија, финансии, бизнис

Контакт

Предизвик за Србија: Како да се убедат странците дека новата пченка нема афлатоксин?!

Предизвик за Србија: Како да се убедат странците дека новата пченка нема афлатоксин?!
Бербата на пченка во Србија е во полн ек и се проценува дека ќе има принос од над шест милиони тони,или 80 отсто повеќе од минатата година  кога екстремната суша го уништи производството.  Досега се набрани 15 проценти од пченката, а целата работа ќе бидат завршени на време , велат експертите. Иако родот е повисок од минатата година , земјоделците не се задоволни од квалитетот и сомничави се кон цената за откуп која сеуште не е позната . Се проценува дека извозот ќе остане на околу два и половина милиони тони пченка, а најважната работа сега е да се убедат странските купувачи дека родот не е заразен со афлатоксин . Досега се продадени само 100 илјади тони на пченка, што е седум пати помалку од минатата година во ова време, пишува Б92 . Според Вукосав Савиќ од „Жито Србија ",оваа година не постои проблем со афлатоксин , но тоа треба да се докаже и на странските купувачи . „Единствената опасност постои ако културата од минатата година, околу 200 тони кои останаа во силоси , се помеша со годинешната реколта ", објаснува тој . Властите тврдат дека тие прават се за да се спречи дури и најмала можност за зараза. „ Извршена е визуелна инспекција на здравствената состојба во пченкарните полиња, и ние со мониторинг програмата за микотоксини зедовме над 600 примероци како од нивита, така и од складовите", вели Ненад Катаниќ од Министерството за земјоделство. За голем дел од експертите, сепак би било добро ако дел од родот на пченка се продава како сточна храна.
Слично

Поврзани вести