Предизвик: Имате 24 часа да ослабеете, ова е планот!
Не можете да добиете рамен стомак преку ноќ, но затоа можете да ја намалите надуеноста.
Се што ви треба за да ја спроведете оваа идеја во дело е да јадете стратешки искомбинирана исхрана и намирници кои не поттикнуваат задржување на водата и лошите работи во телото.
Ова е менито со кое за 24 часа ќе го изгубите вишокот на стомак:
Доручек:
Зобна каша и 1 шолја бобинкасто овошје или 2 тврдо готвени јајца и 1 шолја бобинкасто овошје.
Утрински меѓуоброк
Мала шолја и јаткасто овошје и 1 портокал или парчиња целер со 2 мали лажици путер од кикиритки.
Ручек
Мешана лисната салата, 1 краставица, 2 домати, 2 помали рендани моркови , 1 авокадо, 1 тврдо готвено јајце, мала лажичка семки, масло, лимон и оцет.
Попладневен меѓуоброк
2 dcl грчки јогурт со малку цимет или еден свежа краставица со две лажички јогурт
Вечера
Печен филети лосос, бланширан спанаќ со маслиново масло и кромид и запечен коренест зеленчук.
