ПРАЗНИЦИ СЕ БЛИЖАТ: Најдобрите градови за божиќно шопингување
Ни наближуваат празниците, а со нив и празничните шопингувања за Божиќни подароци. А пак зошто и да не ги искористат предностите од намалувањата и да се подновите со некое парче само за вас? Ако имате можност, можете дури и да одите на шопинг во странство. Американското издание „Travel and Leisure“ доаѓа на помош, и ви ги презентира најдобрите градови за шопинг во светот.
Хонгконг
Шопингувањето во Хонгконг е исклучително популарен, а различноста - огромна. Во последните години голем број на познати дизајнери пронајдоа свои продавници тука, но во градот присуствуваат и бројни помали марки.
МиланоИталијанската мода и познатите модни дизајнерски имиња се познати во целиот свет, но ако сакате да одите на шопинг во Италија, изберете го Милано. Тука четири пати во годината се одржува Миланската модна недела, а во прилог градот нуди бескрајни можности и различни центри и трговски улици, мали и големи бутици и традиционална локална уметност.
Дубаи
Метрополата Дубаи е место со многу шопинг предлози, меѓу кои и Dubai Mall, кој располага со 350 000 квадратни метри комерцијални области и е еден од најголемите во светот. Во стариот дел на Дубаи ќе најдете многу традиционални продавници за накит, чевли, крпи и сувенири. Во Dubai Mall може не само да купувате, туку и да уживате бидејќи има и огромен водопад, аквариум и лизгалиште.
Париз
Француската престолнина е симбол за шопинг дестинација и нема како да биде одмината. Париз не е само главен град на луксузните брендови, но и град со многу пазарчиња, антички продавници и книжарници.
Токио
Најнаселеиот град во Јапонија нуди како мноштво стоковни куќи со бутици на познати брендови, така и трговски улици со продавници од „Second Hand“ и пазари со традиционалните занаети.
Рим
Ако сте во Вечниот град и немате многу време за шопинг и знаменитости, може да ги комбинирате прошетка по 1,5 километарската улица Via del Corso. Освен што нуди бројни продавници и бутици, таа поминува покрај главните атракции на Рим. Ако имате повеќе време, одете до Via del Governo Vecchio - римскиот одговор на њујоршкиот Сохо. Вреди и посета на Campo de 'Fiori каде секое утро може да купите свежо цвеќе и земјоделски производи. Некои недели се нудат дури дизајанерска облека и накит.
