Правилото на „двете пици“ или како шефот на Amazon е толку продуктивен
Службени состаноци се неопходност, но можат да бидат и огромна загуба на време. И вработени, и газдите би можеле да ги поминат овие часови во далеку попродуктивна определба.
Извршниот директор на Amazon Џеф Безос одамна го сфатил тоа и си има свој метод за избегнување на непотребно долги состаноци. Го нарекува „правилото на двете пици“.
Идејата е колку повеќе луѓе има на една средба, толку помалку продуктивна е таа. Секој сака да земе збор, станува говорник и на крај не е направено којзнае што. Одлуката на Безос? Никогаш не одржува седница, на која две пици нема да се доволни да ги нахранат присутните.
Теоријата му е поддржана од многу претприемачи и психолози.
„Работата со помали групи на луѓе нè тера да бидеме иновативни и ги намалува тензиите меѓу колегите“, вели Рејчел Жилет од Fast Company.
Д-р Адријан Фарнхам пак вели за Psychology Today: „Планирај ја секоја средба однапред. Сподели го овој план со присутните на почетокот, за да знаат сите што да очекуваат. Така луѓето ќе се помирни и одлуките ќе се донесуваат брзо и без спорови“.
