Економија, финансии, бизнис

Контакт

Правете ги овие работи за да имате подолг живот!

Правете ги овие работи за да имате подолг живот!

Велат дека кучето е најдобар пријател на човекот, а нови истражувања тоа го потврдуваат и велат дека поради пријателството луѓето живеат подолго.

Покрај пријателство со куче за подолг и квалитетен живот исто така е важен и среќен брак и пријателите.

Грант студија вели дека овие три работи се поважни од тоа каде сте родени и колку пари имате или каков друштвен статус. Студијата е започната 1940 год. и го пратела животот на 200 млади луѓе до старост.

Сегашниот водич на студијата на Харвард, Џорџ Вајлант, рекол за ББЦ радиото дека за среќен и долг живот важни се исполнети односи и додал дека само четворица од 31 мажи самци во студијата биле исто среќни како и третина испитаници во квалитетни врски.

„ Ако сакате да бидете среќни, а немате деца, набавете си куче. Зборовите кои точно ја опишуваат среќата се емоционална интелигенција, врски, радост и доверба “, рекол Вајлант.

Известувањето исто така покажало дека бракот ќе донесе многу повеќе задоволство после 70 год. возраст, а на возраст после 80 год. повеќе сме формирани според стекнатите навики отколку што на тоа влијание имаат генетските предиспозиции.

Слично

Поврзани вести