Прашање на интервју за работа на кое никако не смеете да одговорите
За првиот разговор треба да се подготвите што подобро, за да го импресионирате работодавецот. Сепак, гледајте на ова прашање да го избегнете одговорот.
Сите знаеме колку се напорни интервјуата низ кои обично поминуваме кога конкурираме за работа.
Освен нивото на образование, искуство вештини, обично не чекаат мноштво прашања на кои треба да одговориме и да се покажеме во што подобро светло.
Од оние основните прашања во кои работодавецот сака да ги открие вашите интереси, идеи и мотивации кои ги имате, постои едно прашање на кои би требало да го одбегнете одговорот. И тоа по секоја цена.Се работи за платата која ја имате на актуелната работа.
Според последните истражувања, ова прашање го слушаат дури 43 отсто од луѓето, така да е можно и вие да сте се сретнале со него.
„Никој не мора да знае колку моментално заработувате. Единствена причина зошто работодавците тоа ве прашуваат е за да ве ангажираат за истите пари, и да ги заштедат своите буџети, открива советничката Синтија Понг.
Значи, ако сакате да добиете зголемување, обидете се на пристоен начин да го избегнете одговорот на ова прашање.
