ПОЗНАТИТЕ СЕ СЕЌАВААТ НА 2017: Возбудливи моменти зад камерите
Последниот месец во календарот е време за рекапитулација. Ги преиспитуваме своите постапки, сопствените достигнувања, но и разочарувања. Даваме ветувања и кон себе и кон другите, си поставуваме нови цели. Ги прашавме познатите по што ќе ја паметат 2017, а ова е нивното годишно резиме
ПЕТАР ГЕОРГИЕВСКИ – КАМИКАЗА
(Актер и музичар)
Со мотор на најсеверната точка на Европа
Годинава секако ми ја одбележа спектакуларниот повратнички концерт на „Меморија“ на кој присуствуваа 5.000 луѓе. Тоа е мојот најголем успех. Ќе ја паметам по мото-турата „Нордкап“, авантура на најсеверната точка на Европа, 12.000 километри поминати на мотор. Мисија посветена на нашиот починат колега моторџија од клубот „Букефал“, Жарко Ристов. 2017-та ќе ја паметам и по скопскиот маратон. Учествувам секоја година. Овојпат со потечено колено истрчав под два часа. Наредната сигурно ќе имам подобро време.
АНА ЈОВКОВСКА
(Новинарка, авторка и активистка)
Научив да го користам речникот на срцето
Целата тема прочитајте ја на Женски магазин, тука.