Познат европски град не сака туристи
Еден од најпосетените европски градови ги моли туристите да не доаѓаат пречесто.
Уставниот суд во Холандија ја поддржа забраната на властите во Амстердам да го запрат отворањето нови продавници во кои се продаваат сувенири.
Ова е само уште една мерка во борбата на власта против масовниот туризам. Најпрвин беше отстранет големиот натпис Iamsterdam, кој важеше за симбол на градот.
Но, се размислува и за отстранување на улицата на црвените фенери од центарот на градот.
Забраната за отворање нови продавници влезе во сила во октомври 2017 година и не крши ниту еден закон на Европската Унија.
Целта на забраната е да се изретчат продавниците што ваквите сувенири ги продаваат исклучиво на туристи, со цел да не им се отежнува животот на жителите на градот.
Амстердам има 741 илјада жители, а во текот на годината го посетуваат 9 милиони туристи поради што неговите жители често имаат проблеми.
фото Википедија
