Економија, финансии, бизнис

Контакт

Позитивни информации за состојбата на Фергусон

Позитивни информации за состојбата на Фергусон

Позитивни вести од Англија, според пишувањата на Дејли Мејл, Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството

Легендата на Манчестер јунајтед во саботата итно беше опериран поради излив на крв во мозокот. „Ѓаволите“ потврдија дека процедурата поминала во ред, но по известувањето во саботата, нема други официјални соопштенија.

Дејли Мејл сега открива повеќе детали, весникот пренесе дека Сер Алекс Фергусон се разбудил од кома и почнал да разговара со семејството.

И покрај охрабрувачките сигнали, Шкотот останува на интензивна нега, и сите се свесни дека целосното опоравување ќе биде долг и бавен процес.


Слично

Поврзани вести